Колумни
Анксиозност – сенка на страв
Анксиозноста, бдее околу нас како сенка на страв која не можеш да ја видиш, а таа те гази…
Сѐ почесто зборуваме за анксиозноста како за некој фантом, невидлив непријател кој не чека во заседа да се лизнеме и да нѐ завладее. Влегува во сите ментални јадра, се вгнездува во најскришните тунели на сивата маса и сее страв.
Анксиозност е страв пред неодредена ситуација за која сме несигурни дека ќе ја надминеме, страв од неизвесност, несигурност, трема…Може да е оправдана само кога постои објективна причина, но кога е резултат на нашата ирационална проценка и кога однапред стравуваме за нешто што не се случило, тогаш е патологија.
Колку повеќе гледаме катастрофично во иднината, (страв од климатски промени, еко-анксиозност, економска криза, глад, болести, глобална беспесперктивност) толку повеќе влегуваме во бермудскиот триаголник на анксиозноста, (ние- нашиот страв-страв од животот) живеејќи тегобно.