Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДОПАДЛИВОСТ или ШТО ЌЕ МИСЛАТ ЗА МЕНЕ?

ФОТО: Мики Трајковски - Манца

Колумни

ДОПАДЛИВОСТ или ШТО ЌЕ МИСЛАТ ЗА МЕНЕ?

Човекова исконска потреба е да се допадне некому.

Не случајно, уште во праисторијата луѓето се кителе, не само да обележат племенска припадност или хиреархија, страв или симболика, туку и да привлечат внимание и да се допаднат. Секако, времето си носело различни естетски критериуми за убавина, а за вкусовите да не говориме…

Легитимна и природна е желбата за допадливост, но преголемата желба да оставиме добар впечаток и да ни е премногу важно што мислат или што ќе кажат другите за нас, може да направат контраефект. Ако во позадина на желбата за допадливост не е само потребата за прифаќање во новиот круг на потенцијални пријатели или друштво (природно е да сакаме да сме културни и дадеме позитивна слика за себе), туку сме оптоварени со натпреварувачки амбиции за перфекционизам, покажување колку имаме и можеме и лажно претставување.

Многу е тешко долго време да се глуми добрина, доблест, висок морал, харизматичност, великодушност, духовитост, информираност, сестраност, а да се остане спонтан. Исто толку е патетично да почнеме дружење или романтична врска само за да фасцинираме некого, освојувачки за да се покажеме колку не бива. Потребата да восхитиме и да се покажеме во најдобро светло може да е мимикрија на несигурност и страв да не излезе површноста на површина. Не може и не треба сѐ да знаеме, ни Сократ не знаел сѐ!

Но не треба ни да сме суетни кога не критикуваат или советуваат спротивно од нашите ставови. Не мора ни да сме успешни во сѐ, успехот е релативен колку и убавината. Може да научиме многу стихови, цитати или добри вицеви напамет, а да не знаеме каде и како да ги кажеме стравувајќи дека нема да оставиме добар впечаток. Тој страв прави тензичност во комунукацијата и води кон крајности. Или станувате навалентни , дури и агресивни во убедувањето на околината во вашето неприкосновено знаење и вештини, или се затворате во социјална анксиозност.

Луѓето кои не умеат да создадат блискост и спонтан однос во околината, стануваат негативни и често немаат разбирање за комуникативните личности. Песимизмот и омразата кин другите е одбранбен механизам на сопствената немоќ да се впуштат во благотворна и спонтана комуникација. А сѐ почнува во семејството. Нарцисоидните родители не дозволуваат да се развие самостојноста кај детето и буквално во сѐ му се мешаат. На децата им е доволен вашиот личен пример, збор да не кажете, сѐ ќе разберат со гледање.

Вашите деца не мора и не треба во сѐ да се најдобри, доволно е да се здрави и задоволни. Ако претерано му ,,дишете во врат” на детето, тоа ќе биде несигурно самостојно да почне слободно да дише, и ќе стане несигурен за своите постапки и одлуки, постојано ќе зависи од ваше или туѓо мислење. Зависноста не е слобода и не можеме да сакаме некого од кого сме зависни. Може да го слушаме, почитуваме, му стравуваме, но тоа не е љубов. Така се создава бариера за спонтана комуникација и дружељубивост, крајност која нѐ прави интровертни и несигурни.

Љубовта, онаа најретката безусловна љубов, не ве условува за ништо, кога така ве сакаат и така сакате најдопадливи сте си сами себеси и баш ви е гајле што мисли остатокот од светот.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.