Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Епидемија на инсомнија

ФОТО: Мики Трајковски - Манца

Колумни

Епидемија на инсомнија

Ненаспани, поспани, успорено се проsеваме додека апатично се обидуваме темните ,,перничиња” под очите да ги камуфлираме со абракадабра трикови…

Сѐ почесто користиме и ,,коректори” во вид на апчиња за спиење, мелатонин, маточина, валеријана, техники за опуштање, мед и млеко пред заспивање, топла бања, броење овци, тампони за уши… И пак ненаспани, нервозни и лути што ништо од тоа не ни го враќа здравиот сон, некогаш украден од хркачот во наша близина, ноќни климактерични перформанси, неартикулирани крици од соседите, сообраќаен метеж ,,олнајт” и ,,онлајн” апаратите.

Здрав сон е многу повеќе од половина здрав и долг живот и да не се ,,тешиме” со Тесла кој спиел по 4 часа и живеел долго, еден е, генијалец е и благодарение на неговата инсомнија играме струјни кола…Но како да ја изиграме несоницата, да ја успиеме пред да не расони? Една од многуте скриени епидемии на современиот живот е епидемија на нанаспаност, дефицит на сон, важна биолошка потреба.

Недоволно ноќно спиење ја намалува животната енергија, стануваме незаинтересирани, деконцентрирани со лоша меморија, намалени интелектуални и физички способности, обезност, а сето тоа води кон нервна растроеност. Она што ќе се научи во тек на денот, со ноќното спиење се запаметува преку поврзувањето со одморени мозочни клетки.

Затоа заспивајте пред полноќ, со исклучени интернет апарати, во удобен кревет без непријатностите кои ви го зацрниле денот…Како ѝ да е, утре е нов ден ?

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.