Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Колумни

И бол и бес…

Лутина и бес – основни емоции со кои растеме, зрееме и старееме, а разликата меѓу нив е што бесот поминува по неговата манифестација.

Кога сте повредени, бесот е здрава емоција за вас, но не и за вашата околина!

Колку лутината подолго се акумулира, толку експлозијата на бес кулминира. Непресметливоста во моментите на бес е последица на зададената болка која ја насочувате или кон себе си, или кон причината за таква болна емоција. Многу често се насочуваат кон најблиските и оние кои ни значат, заради нивното однесување или промените во однесувањето кои се неразбирливи за нас.

Чувството на бес дава лажно чувство на енергија која завршува со вербално, а не ретко и физичко препукување. После агресивна кавга енергијата е порамнета со нула, бесот ја смалува енергијата , но и болката, ако после конфликтот емоцијата бес преоѓа во чиста емоција. Интензивна болна емоција создава напнатост и ескалација на бесот при што неконтролирано можеме да кажеме или направиме нешто непоимливо за себе, после што се каеме.

Самоконтролата се учи уште во најраното детство, од семејството и средината што не опкружува, затоа за нашето однесување вината ја бараме во истите. Колоквијалната поделба на позитивни и негативни емоции значи и прикривање на негативните, одбегнување на нивната разврска и акумулирање на лутина.

Затоа е подобро во негативните емоции да препознаеме непријатност , така полесно ќе ги канализираме и ќе си олесниме пред да избие бесот како вулканска ерупција.

Во таа лава на агресија НИКОГАШ, ама буквално НИКОГАШ не смеат да бидат присутни децата, ваши или туѓи сеедно, оти агресијата создава агресија! Патем, во афективна состојба авторитетот се разобличува, станува карикатура на страв но без почит. Силата на авторитетот не се засилува со физичко или психичко наметнување на сопственото его.

Ако луѓето ви се плашат не значи дека ве почитуваат, особено не ако не знаете да го почитувате туѓото мислење. Мислејќи дека вашето неконтролирано исфрлање на гнев е оправдано и дека околината е преемотивна па се трауматизира, само ве оддалечува и трајно ги оштетува вашите односи со луѓето од вашата непосредна близина.

Експлозивно исфрлање на гнев во присуство на децата никако не е ваш авторитет или ваш “оправдан” афект, осудувајќи ги другите се оправдувате себе си создавајќи илузија за праведност, а тоа е невротичност која ги фрустрација вашите деца.

Воспитаноста знае да ” изброи до сто” , да користи еуфемизми, дипломатски да одбегне вербални конфликти и да го задржи нивото на стекнати цивилизациски вештини и манири. Не е доблест да ги истуриш негативните емоции било кому, а најмалку на оние кои те сакаат и почитуваат, (нивна болка е твоја болка и кругот на бол и бес нема да прекине) , но човечки е, затоа и простиво.

Лекот е во најсилната човечка емоција, ЉУБОВТА, посилна и од нагонот за живот, таа умее да се справи и со БОЛ И со БЕС

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.