Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интернетот загосподари…

Колумни

Интернетот загосподари…

Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без да забележиш дека твоето време го управува интернетот.

Особено господари со сиромашниот свет, сиромашен материјално и духовно, и дрско ги турка книгите од полиците наредени како декор, но и од матрицата дека книгите се „клуч на духот“.

Покрај сите промени и глобализација на современиот свет, сепак книгата е извор на мудрост, вистина и убавина. Љубопитноста да се проникне во интимата на писателот, во неговата творечка имагинација преку неговите книги, сега е заменета со интернетот кој сервилно нуди „копи пејст„ коментари без соодветна уметничка критика. Ние едноставно немаме читачка навика, убедени дека сме доволно начитани ако прочитаме стотина книги во текот на средното образование. Двесте години да живееме и секој ден да читаме по една книга, пак сме недоволно начитани!

Треба да се плашиме од таквата импровизација од „начитаност“ , или во духот на отец Николај од 19 век кој ја запишал мудроста „боји се човека једне књиге“ во неговата книга „Мисли за доброто и злото“. Таквото површно читање е далеку од автентично стекнување култура и рафиниран вкус.

Затоа глобален проблем е комуникацијата, било усна или писмена, сиромаштво на јазични единици и реченици без дух, слух и смисла. Ако човечкиот организам е предиспониран да совладува и памети без потешкотии до своите 16 години, тогаш празнините од тој период се рефлектираат со потешкотии во остатокот од животот. Не дека треба да се учи и осознава само на таа рана возраст или да се преоптоваруваат децата, напротив, тој период треба да се стекнат читачки навики и да се учи со задоволство.

Новата информатичка технологија и магичните мобилни телефони со илузионистички перформанси имаат пресудно влијание врз младата популација, која наместо книги држи апарати во рацете. Да, може да се читаат книги и од апаратите, но ретко кој го прави тоа. Патем, љубовта кон книгата е исто како кон саканото суштество, сакаш да го имаш крај себе, да го држиш во раце, интерактивно да се дружите, да подвлекуваш, да забележуваш мисли за паметење, едноставно да водиш љубов со книгите. Животот во социјалните мрежи не умрежи сите, личиме на бубалки кои висат од пајаковата мрежа без можност за слобода, која секогаш е во умот. Заробениот ум со едни те исти податоци, станува Донкихотовски ограничен создавајќи паралелен свет на илузија.

Транзицијата, која стана сама по себе парадоксална затоа што долго време не транзитира никаде, идеална е за фолклорниот примитивизам на едно затворено и ограничено општество. Тривијалната естрада на вулгарниот кич, создава сензации на ниските вкусови и страсти, неукоста со сила на топовско ѓуле ги пробива сите етички и естетски начела. На чело не ни пишува колку сме писмени и учени, ниту во дипломите кои се умножуваат пропорционално со квази потребата да се има титула по секоја цена ( за ценовникот дуг пат).

Местото на книгите, во еден таков тампониран систем со чакалишта, партали и џган, е изместено и маргинализирано. Нивните свети места по библиотеките и издавачките куќи се поместени, буквално истуркани заради слабата финансиска поддршка од државата. Обврска на секоја држава е да ја јакне свеста за националната култура идентитет со публикување на книги, првенствено од свои автентични автори, па со остатокот од светската библиотека.

Додека сме во читачка криза, која секогаш брзо еволуира во духовна криза, дозволивме интернетот да загосподари со нашето битисување, кое без вистинска димензија на читање книги од потреба и со љубов, е празно…битно празно, да не можат празнините да се пополнат за уште сто години .

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.