Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кој ни ја украде радоста?

Колумни

Кој ни ја украде радоста?

Радоста е наша автентичност, хармонија од мисли, чувства, однесувања и себекреирање во позитивна личност.

Секој има лично право да ја доживува радоста на свој начин, но ако долго време во нашата аура се присутни чувства на страв, вина, гнев и лутење, радоста ја снемува заедно со сјајот во очите, со ведрината на духот исцртана на лицето и кој би сакал лице без душа…

Очекувањата дека некој друг треба да не израдува и да направи нешто за нашата лична радост е очајно губење на можноста за радост, таа е во нас самите. Некому малку, некому повеќе, но секому му е потребна онолку колку самиот ќе си ја овозможи.

Отсуството на лична одговорност постојано ни создава механизам на туѓа вина и најчесто се обвинуваат државата, системот, соседствата, семејството, учителите, а не ретко и свекрвите! Сите тие може само да бидат повод, но причините се накалемени во нас самите. Најголемите фрустрации се раѓаат кога однапред се грижиме за нешто кое с,е уште не се случило, страв од неизвесност, чувство на бесперспективност и безизлез што не доведува до невротични промени.

Ако и дозволиме на депресијата од состојба да прејде во болест , организмот почнува физички да страда и ја исфрла командата дека веќе не може, game over. Другата крајност, исто така погубна за радоста, е празнина во душата која мора повторно да ја исполниме со позитивни мисли кон себеси, вреднување на она што сме дозволиле да ни го обезвреднат, претерана самокритичност и чувство на вина одговорноста ја пермутира во комплекс на пониска вредност – непријател на радоста. Наместо самооспорување треба да практикуваме самоодобрување, сакам, можам, смеам…секако ако не се претера во амбициозноста која се коси со способностите и можностите. Не случајно ја користиме народната мудрост дека секоја промена е добра дури и кога е лоша, но најпрвин да се промениме себе и навиките кои ни создаваат тегобност. Посакувањата за здравје, среќа и љубов не се остварливи без работа врз нив. Работата врз себе е најисплатлива затоа што само радосен човек е здрав, среќен, успешен и вечно вљубен.

Среќата е сплет на околности, но радоста е наше автентично менаџирање на сопствениот живот. Затоа, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ни ја УКРАДЕ РАДОСТ -а, дури ни со заминување на младоста, с,е додека во нас има љубов.

Радосни да бидеме почесто и погусто, радосни и умерени капки вино со Св. Трифун , возљубени и умерени мигови и со Св.Валентајн , па кој на кого му се радува важно е да се израдува – радоста треба да ни е секојдневие во малите нешта :)

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.