Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лудакот гледа со нос подобро отколку со очи

Колумни

Лудакот гледа со нос подобро отколку со очи

,,Мирисот е поубедлив од зборот, изгледот, чувствата и волјата.Од убедливата сила на мирисот не можеме да се одбраниме, влегува како зрак во нашите гради, не исполнува и не постои средство против нејзината продорна сила ” – Патрик Зискинд во романот ,,Парфем”

Колку и да му изгледаш на светот како Бог поради поседувањето формули за најскапи парфеми, немаш љубов кон светот, зашто си роден без да почувствуваш човечки мирис…

Богат, есенцијален стил на изразување на авторот, хипер деталистички опис и магијски реализам врз читателот прават атак на сетила, баш како и моќта на парфемите. Не постои нешто што нема мирис, освен злото, родено во смрдеа, живее одземајќи ги сите животни мириси на убави млади девојки, кои на светот со љубов би му дарувале човечки живот – оној кој му бил одземен на главниот лик Jean-Baptiste кога излегол од стомакот на мајка чедоморка и бил оставен во смрдеа.

Предодреден за потенцијален убиец , роден и чуван без љубов, задоен кај платени доилки без чувства, растен без есенцијалната емоција љубов, грд со инстинкт на животно со својата појава шири омраза и всадува страв, но генијалната способност за препознавање мириси ќе ги отвори ноздрите на светот кој алчно , каков што е и тој, ќе ги впива неговите парфеми.

Неговото оргазмичко задоволство е совршено развиеното сетило за мирис, инстинкт на предатор кој разликува миризби до совршенство , но не и поими како Бог, радост, одговорност, понизност, благодарност…Своите животни сокови ги црпи од 25 млади девојки, од кои ќе останат само 25 фустани и 25 долги раскошни коси закачени на мотки. Зад неговиот успех пред слепилото на светот, стои извонредно развиено чувство за мирис.

Тој цица крв и ја преточува во најмиризливи парфеми. Крлеж во човечки облик, мала , непрепознатлива мешунка, слепа, глува, која знае да душка крв и да ја исцица од жртвата кога ќе помине крај него, или ќе го допре. Крлежот никогаш не би се приближил на жртвата со сопствената сила – затоа што ја нема. Тој упорно чека да загризе туѓо месо, живеејќи на туѓа сметка од само една, одамна исцицана капка крв. Лудакот гледа со нос подобро отколку со очи!

Романот ,,Парфем” е метафора на животните миризби и смрдеи, на луѓе кои имаат миризлива природа и на оние кои се родени без истата и кои живеат со мимикрија на добро одбран и спакуван парфем, на градење личен идентитет преку кршење на моралот. Главниот лик, роден без мирис на најсмрдливото место, маскиран со најдобриот парфем „Амор и Психа“ создава илузија за моќ пред светот, му пркоси затоа што никогаш не бил сакан и почитуван, туку отфрлан и понижуван. Светот во него гледа творец на парфеми и му се поклонува на генијалецот, дури и кога ги признава злосторствата. Она за кое што чезнеел цел живот – да биде сакан, во моментот кога го добива во облик на бахатост и еуфоричност од толпата негови следбеници, веќе ништо не му значи. Тој не знае да сака и да препознава љубов, со инстинкт на животно ја лови, ја грапчи и кога ќе се засити ја уништува својата жртва, миризливата природа на моминска убавина. Преку нив ја постигнува целта, жртвите му се инспиративни за креирање мириси, светот ги сака неговите парфеми, тие не мирисаат на крв.

Времето на дејството на романот е сеприсутно низ целата историја, особено во време на немири, војни, недоверби и страв, а она кое авторот го локализирал во делото е време пред Француската буржуарска револуција. Главниот лик ќе биде помилуван за злосторствата, ќе биде обвинет друг невин лик, правдата е заслепена од мирисот на неговиот парфем, а сaмата смрди на гнилеж и цивилизациски отпадок.

На крајот злосторникот го јадат канибали, тие му пресудуваат, додека обичниот народ со еуфоричен занес, гледа во него култна личност понизно поклонувајќи му се пред злосторствата. Народот го слави злосторникот… Но на злосторник, само злосторник може да му пресуди…

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.