Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Колумни

Неправда

Неправда

,,Неправда , па тоа е неправда, имаш ти , немам јас, сите велат дека многу барам ” – антологиска песна на групата ,,Лева патика” која низ песна ги најави капитализмот и силата на десницата.

Растевме со цртаниот филм Калимеро и нема правда, а сѐ уште не можеме да се навикнеме на неправда, која во реалноста нема среќен крај, а ни судски крај. На крајот на краиштата, долга е раката на правдата, но кога е вештачки продолжена чувството е исто како кога ќе се дојде до дното и се копа уште подлабоко до дупло дно. Патем очи си ископавме, не гледајќи што ни се случува … А ни се случува и ,,Дупло дно” и ,,Диво месо” и ,,Буре барут”.

Историјата се повторува дур се обидуваме да ја смениме. Така катадневно неправдата се таложи како густ талог на душата, а непроменливоста на неправдите боли, збигорува и непреболува. Неправдата е фактичка состојба која не може да се заборави , но треба да се контролираат нејзините психолошки последици и моќта да ги разјадува душата и телото.

Континуирано чувство на нанесена неправда создава хронична огорченост, која не ретко се создава во детството и се рефлектира низ животот со перцепција за расипаност на светот и луѓето, недоверба во добрината, благородноста, безусловната љубов, хуманоста, емпатијата. Така еднаш нанесена неправда, емотивните може да ги преобликува во огорчени егоисти, преокупирани со тегобноста на преживеаната, но не и заборавената траума. Нејзини последици се нервоза, импулсувност со брзо лутење и гнев, невротичност, не ретко и жед за одмазда. Понекогаш огорченоста води кон алкохолизам и наркотици што е погубно за водење здрав социјален живот.

Немоќта да се протиставиш на неправдите, било лични или колективни, води кон одмазнички пориви или фантазии полни со омраза кон луѓе или институции. Храна за нивната огорченост е постојано барање нови докази за нивното лично убедување за неправичноста на светот. А сѐ може да се реши кога родителите ќе решат да чуваат и воспитуваат деца со одговорност и безусловна љубов, истото да го спроведуваат со нежност.

Исто е и со државата, кревка како мало дете во своето осамостојување , после трауматични вековни неправди и крвава историја. А сѐ може да се реши, ако одговорно ја чуваме и љубиме татковината како свое чедо, не очекувајќи да ни возврати, баш онака родителски, да ги смениме очекувањата барем дур не заздрави веќе болното ни општество…

Многу неправди и’ нанесовме на земјата, истрауматизирани од неправдите и црнилата низ минатото , станавме огорчени разјадувачи на сопствената земја, анимирајќи ја во цртан филм Калимеро – нема правда!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.