Одбројуваме онлајн почеток на одложената учебна година – ќе го положиме ли стартот?
Само седум минути се доволни за да процениме дали разговорот ќе оди во креативен контекст , или ќе го прекинеме пред да стане банален, здодевен или непријатен.
Истото важи за удобноста на седалото, било столица, фотелјa, триножец, диван… ,,Дивноста” е во удобниот разговор. За тие седум минути разговор, може да се процени дали соговорникот е паметен, духовит, интересен, а седалото удобно.
Само еден ден до официјалното активирање на новата платформа за учење на далечина, а најмалку седум пати ќе ни треба да се преиспитаме што сме сконтале, да си повториме сѐ по ред од новата трекомплике платформа, да закажеме во електронските календари тајминг за митинг едно четиринаесет пати за седум наставни часови од триесетина минути, додека седиме во удобни седала сами во училница.
И додека мрчиме сите по ред, да си повториме едно седум пати дека вирусот може да се закачи за помалку од седум минути, да трае подолго од седум денови и да се памети со месеци…Ќе нѐ бидне ил ќе нѐ небидне сите во ист тајминг за скул митинг олараунд Македонија?
Дијазепами од сите милиграми обединете се!