Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Освести се човеку!!!

ПРОФ. Д-Р СОЊА РИЗОСКА ЈОВАНОВСКА

Колумни

Освести се човеку!!!

Она што е присутно со своето неприсуство – е, токму тоа понекогаш ме инспирира да создавам во времето што се движи низ нас и во нас…како во бескрајни вртлози. Сакам да се движам во таа безвременост, нечујно и неприметливо, но, копнеам да направам барем нешто за да остане печат на нашето изживеано и преживеано….

Се почесто се прашувам – дали во овој вртлог можам да ја сочувам таа инспирација? Јас? Ти? Ние? Дали можеме да се ослободиме од тие КЛЕВЕТИ, КЛЕТВИ и КЛЕТОСТИ кои биле присутни од памтивек до денес … и кои не донесоа во овие непрокопсани времиња и состојби??? Инвазијата на постоечките варвари само го повторува својот ОД уште од кога постои она кое ние сметаме дека е „наше“…маршираат со векови многу ковачи на лажниот прогрес насекаде во светот и со постмодерна ракета ја извезуваат крстаречката демократија …правејќи се дека сакаат да направат нешто и за НАС…Се прашувам до кога? И, во име на што? Кога сами со векови си ја ставаме примката колу вратот на човештвото за да изгледа дека отмено патуваме кон својата смрт….а можеме толку многу да направиме за ова парче земја заеднички, ковајќи го заедништвото …затоа што мртвите многу често, рамо до рамо, војуваат со живите за да се зачуваат огништата…затоа што ни стана секојдневие – подвижната селидба низ светот… Секој ден се парчосуваат срцата на родителите праќајќи ги своите чеда далеку од нив во “белиот свет” само за да ги сочуваат од мелењето на новата постмодерна МакиДонска машина за мелење на мозоците.

Се создаваат нови и нови геокултурни модели зачинети со колективното сеќавање на Балканот во кој одамна се проникнати легендте, митовите и стварноста на разединатост. А стварноста? Таа треба да ја разбуди инвидуалната свест… можеби само така полека и свесно секој ќе започне да трага длабоко во себе по внатрешната виделина, по сенката на сенката и да рудари по својата душа…за да почуствува секој од нас каде си припаѓа најпрвин сам на себе си, да припаѓа на оние сродните човечки души, за да опстои како бите, како личност, како значајна алка во синџирот на животот на оние „освестените“. Кога секој би создавал дела, ќе создава не само за себе, туку и за многумина, за тие до себе што го разбрале …и така несвесно ќе се создава кругот, вечниот круг на животот кој единствено може да направи нова еклиптика која ќе ги запре страшилата на големите ѕверови кое кружат по светот.Освести се човеку, затоа што октоподот на злото со своите канџи го прегрнала глобусот и исцицува се’ што е вредно и добро на планетава.
Распни ја мрежата човеку и земи ги сите вредни нешта, потсети ги сите да ја дофатат за да го сочуваме она што ќе не спаси сите од нови распатија и да го сочуваме сето стадо од разјарените волци кои демнеат од памтивек до денес сакајќи да не проголтаат.

Колку посакувам барем стигнеме до врутокот на животот, иако ќе биде тешко, редно е сите да се преиспитаме за сите патишта на беспатијата и така барем да поверуваме дека ќе успееме да го клонираме она кое стои на забецот на изумирање, а без кое нема ниту живот, ниту соживот….а наскоро ќе не нема и нас ако не се зафатиме со самите себе си да го исчистиме програмот на трпење и мислејќи “има и полошо”…

Нема полошо од тоа што се откажуваме од себе и нашите соништа во име на “најважно е да преживееме”…наместо да живееме ко човеци…

ПРОФ. Д-Р СОЊА РИЗОСКА ЈОВАНОВСКА

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.