Преку ред и во Шутка…
Шутка и Топана имаат една мана…Што не се големи ко Индија, па да не се влегува преку ред…
Театралниот транзициски преод од социјализам во хиперкапитализам, со позајмени актери од белосветските реалити шоу емисии, не дотурка до ова дереџе.
Човекот, принуден да се снаоѓа за да опстане, а не остане гладен, стана нечовек гладен и жеден за многу повеќе од пристојна човечка егзистенција.
НЕмаштијата и НЕсигурноста фабрикуваа агресивност, НЕтолерантност, НЕзаситност и го реинкарнираа примитивниот феномен на гладијаторска арена, во која човечкиот живот зависи од лајк и дислајк. Од мноштвото НЕгативности и НЕгации, воспитаноста и културата се повлекуваат од редовите, каде бескруполозните јуришаат преку ред. Џабе жолти линии, огради, шалтери, ,,мој термин” , семафори и чекални, џабе и пендреци и казни…
Дури и во Шутка почнаа преку ред да влегуваат, што ти е навика!