Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Сексуална азбука“ со Татјана Алексиќ се враќа на интернет просторот

Колумни

„Сексуална азбука“ со Татјана Алексиќ се враќа на интернет просторот

„Сексуална азбука“ со Татјана Алексиќ се враќа на интернет просторот

Секс – граматичка категорија: именка од машки род што означува пол, половост. Нема друга именка која уште при самата помисла , пред да се изговори, врши глаголско дејство, удира во мозок, се одбива од sидот на срам, скршнува кај предрасудите и се распрснува во најразлични перцепции.

Терминот секс го носи товарот на лош имиџ, на различни поимања, на крајности, на гордост и предрасуди, на купување љубов и злоупотреби, а секој збор со преставката секс се поврзува со сексуален однос. Ништо не е поавтентично од нашата интимност и начинот на водење љубов, индивидуално колку и отпечаток од прст, исклучително важно за севкупното психофизичко здравје на човекот и сѐ уште најприродниот начин за репродукција. Колку луѓе – толку перцепции за сексот, кој многу често врска нема со љубовта како и љубовта со сексот.

Но ако се сретнат и испулсираат како две срца во едно тело, тогаш ја спознаваш уметноста на водење љубов.Сексот е можност! Дава алтернативи за зборобразување и изведување именка од женски род, нејзиното височество Сексуалност – полова чувственост, во буквален превод. Преводот понекогаш е рамен на предавство, а за буквалистите темата секс и сексуалност може да биде елементарна опасност. Поопасно од незнаењето е површното знаење, приучениот е поопасен од неукиот, што би рекол отец Николај: ,,боји се човека једне књиге” во неговата збирка мудрини ,, Мисли о добру и о злу”.

Во рубриката ,,Сексуална азбука” ќе се објавуваат текстови чија тематска рамка ќе бидат љубовта, сексот и сексуалноста, како и објаснување на поими од областа на сексуалната терминологија од А до Ш. Сѐ она за што сте сакале да зборувате или да слушнете, а не сте се осмелиле ниту да прашате, ниту да кажете, заробени во предрасуди и двоен морал.Секако, смелоста не значи дрскот и невоспитаност, туку разбирање на нештата од аспект на научна, релгиозна и философско-морализаторска основа. Впрочем, така започна емисијата ,,Сексуална азбука” во 2011 -та година на МРТВ – воведната емисија беше оправдување на потребата од ваков вид едукативна програма од страна на докторскиот тим, претставници на верската заедница и професори од Филозофскиот факултет.

Во текстуалните објави ќе препознавате интелектуална борба против предрасуди, која и во 21 век е борба со диносауруси; императиви за здрав сексуален живот што е повеќе од половина здравје; култ кон интимноста како светиња; разбивање на митови во врска со сексуалноста многу често штетни за севкупното психофизичко здравје и можност за вистински информации во вистинско време, базирани на стручна литература и белетристика.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.