Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Слобода на медиумите или распродажба на вистината како стока

Колумни

Слобода на медиумите или распродажба на вистината како стока

3 MAJ – СВЕТСКИ ДЕН НА СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ

Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за опстанок и на единката и на општеството.

Задоцнета информација на берза или непрочитани „ситни букви“ на банкарски договор носат финансиски колапс, задоцнети резултати на пациентот болест или смрт…

Што правиме со традиционалното поимање на информацијата како вистинито сведочење за некој настан ? Продаваме, правиме купопродажен договор со ѓаволот и некому му го одземаме правото на вистина. Трансформирањето на вистината во стока, а во служба на капиталот, е алатка на моќниците со која најчесто се играат медиумите. Правилото е ако те нема во медиумите – те нема никаде, не постоиш!

Изворноста на информациите се претопува во големите матни води на моќниците и ја губи кристалноста пред моќта на парите, се разводенува од разноразните и заразни стратези, идеолози, критичари, политиколози, полтрони и епигони во служба на политиката која не трпи вистини. Информацијата станува понижена и навредена, и колку повеќе ја интерпретираме толку почесто ја деградираме за да на крајот не знаеме во што да веруваме.

Информацијата станува универзална валута, да се тргне конкурентот вреди колку суво злато оти со неа на суво може да се урне власт, да се продаде држава, да се дојде до целта која Макивејалистички не знае за „пардон“. Трагањето по вистината е исконско колку и потребата на човекот за осознавање или во духот на Декарт „мислам значи постојам“. Потрагата по вистина го мачеше Сократ, го согоре на клада Џордано Бруно, гореа низ историјата многу борци за вистината, а ја славеа, не по своја заслуга многу лажни „вистинољупци“. Замислете Хитлер да имал медиумска поддршка како во денешницава ?!

Денешните медиуми со сета своја сериозност, најсериозно праќаат сензации како вест и тука нема место за неутрални и избалансирани вести (чест на исклучоците, пред да ги исклучат). Реалити шоу креациите карикатурно влегоа и во сериозните институции, не само во нашите домови, и ние ја почнуваме беспоштедната борба како во серијалот Hunger game…

Информацијата не смее да е интерпретација, таа е основно човеково право, особено кога сме колективно засегнати за вистинитоста на вистинската информација. Го имитираме светот во неговите небулози, наместо да ги игнорираме, имитираме и преземаме баш тоа што не ни треба, магнетски ги привлекуваме негативностите од светот кој стана глобално село со информатичката технологија.

Ете ги и нашите фб профили, не профилираат токму какви сме, полни со омраза и лицемерие кон себе си, отсекогаш сами себе непријатели за да му дадеме повод на вистинскиот непријател да не манипулира.

Пред вистината и боговите молчат, но вистината имајќи ја боговската моќ за метаморфоза се испогани и прилагоди на моќта на парите, сервилно, а со „кренат нос“ мирисајќи ја бојата на парите…И чекајќи ја вистината како да го чекаме Годо и ,,ништо не можеш па тоа ти е” – лајт мотив во драмата на Бекет која во 21 век од драма на апсурдот стана хипер реализам… И колку ли ќе не чини вистината, колку да доплатиме за да ја имаме… колку и стока продадена за пари !

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.