Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СЛОН и ЈАВАЧ – нашата двостраност

Колумни

СЛОН и ЈАВАЧ – нашата двостраност

СЛОН и ЈАВАЧ – нашата двостраност

„Секоја промена е добра дури и кога е лоша“ – празна фраза кога правиме погрешен избор! Но сите сакаме промени, често посакуваме во новата година да расчистиме со старите лоши навики и да почнеме одново, да ги заборавиме непријатностите и се понадеваме на благопријатни моменти

И тоа е добро, кога сакаме да свртиме нова страница од животот, но за тоа ни се потребни двете страни од нашата личност, слонот и јавачот!

Јавачот е оној кој ги држи уздите, кој насочува и ја одредува целта на слонот. Слонот е емотивната страна на личноста изградена од нагони, задоволства и болка. Јавачот е рационалната, човекова свест која размислува и донесува одлуки, но кога слонот ќе тргне по некој свој емотивен пат, јавачот нема сила да го совлада.Така низ животот слоновски се прејадуваме, опиваме, неконтролирано викаме и се караме, после долга апстиненција повторно пропушуваме, ја враќаме килажата… Слабоста на слонот е во неговата мрзливост, неодговорност и давање предност на краткотрајни награди, наместо долгорочни предности.

Сепак ,слонот знае и да сака, сочувствува, заштитува и исправено да се бори за себе, додека јавачот, претерано размислувајќи , станува неодлучен и ја губи енергијата на слонот. Ако сакаме промена на подобро, треба јасно да го насочиме јавачот кон посакуваната акција, да го мотивираме слонот, чија мрзливост е само исцрпеност, па двете страни да тргнат кон целта барајќи светли точки или позитивни знаци во промената на лошите навики. Светлите точки барајте ги во луѓето околу вас кои зрачат со позитивна енергија и ќе ве поддржат на патот кон подобра промена!

Кога невротичен родител ( или учител) постојано им вика на децата во име на дисциплината, ќе добие невротични деца. Ако народот постојано слуша агресивни и непријатни зборови, станува агресивен. Стравот раѓа страв, но исто толку и храброста храброст, добрината доблест, вербата надеж…Ако околината ни даде позитивен знак, дека со смиреност и насмевка ќе се дојде до позитивна промена, слонот и јавачот во нас заеднички тргнале по патеката на позитивна промена.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.