Софистицирано РОПСТВО
Верувам дека ВИНАта во општеството, нејзината индивидуална и метафизичка смисла, идентитетот на личноста и нејзиното сообразување се моделите на архетипско однесување, човековиот карактер кој робува на вечно повторување на сопствени и туѓи грешки, вистината од минатото фиксирана со приказни, митови и легенди, шпекулации со историјата, празните демагогии, политиканства и полтронерии се сведуваат на СТРАВ.
Стравот владее, станува двигател на двонасочниот карактер на човековото дејствување – напад и одбрана, ирационалноста на општествените институции и државниот ПОРЕДОК. Со новиот светски, милениумски поредок, животот стана робија во робија, затвор во затвор, а клаустрофобијата станува ,,банална” , невротична појава на преемотивните, оние кои не можат да издржат во мал затворен простор. Новиот свет е голем затворен простор, живее во неограничена ограниченост.