Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Татјана Алексиќ: Боговите паѓаат на… божици!

Колумни

Татјана Алексиќ: Боговите паѓаат на… божици!

Балканот е митски народ, сакаме да слушаме и веруваме во митови, мечтаеме живи да станеме легенди, да сме главни ликови во усните преданија, макар и чаршиски озборувања, само да се раскажува…

Потребата за „бајковитост“ на нештата е нус појава на суровата реалност која не милува среќен крај, а толку многу сакаме приказни со среќен крај, како во турските серии на пример .

Читајќи митови и приказни доживуваме мистично искуство, со препознавањето, поврзаноста со минатото, допирањето на вистината, формираме архе типови на карактери, ликови, ситуации и полесно преживување на реалноста.

Грчко – римските божици повеќе од 3000 години живеат во потсвеста на жените , а ние не сме ни свесни за тоа! Инспирација ми е книгата ,,Божица во секоја жена,, дело на авторката Џин Болен, професорка на Калифорнискиот универзитет и јунгова психоаналитичарка,која ги дели жените според своите надворешни и внатрешни атрибути во три категории на божици: девствени, ранливи и божици на трансформација (алхемија).

Во девствените спаѓаат Артемида (лов и месечина) и Атена (мудрост и вештини) во ранливите се Хера (брак) и Деметра (плодност), а на трансформации (алхемија) Афродита (љубов и убавина). Особини на девствените жени -божици се независност, логичкото размислување, живот со цел и себедоволност. Ранливите жени -божици се сопруги, мајки и ќерки кои имаат потреба за блискост и приврзаност, секогаш свртени да ги задоволат другите (затоа се ранливи) и жени -божици алхемичарки со еротска привлечност, сензуалност, влегуваат во врски во кои никогаш не се жртви и трагаат по интензитет, а не стабилност во врската.

Ете малку за ментална гимнастика, кој каде ќе се пронајде, како приказна за добра ноќ!

Добра ви ноќ божици, гушнете си ги вашите божества во каков и да се облик, боговите паѓаат пред божици, а не на теме

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.