Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Еден бакнеж – песни рој…

Колумни

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Еден бакнеж – песни рој…

АВТОР: ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Еден бакнеж – песни рој…

Кога сме вљубени не чекориме, летаме на седмо небо, во занес се тетеравиме без капка алкохол, гледаме отсутно и кога сме присутни, сити и кога сме гладни, а жедни само за бакнежи…

Кога сме вљубени ние сме јунаци на сопствените легенди, алхемичари на сите можни емоции, ги доживуваме страстите на сите сопствени легенди…Незаменливо чувство, не се купува, ниту продава за милион долари, не е по нарачка ниту зависи од вашата заработувачка, може да се случи лесно, но не и често, оти по вистинската вљубеност доаѓа вистинска љубов која трае…

На нејзината вечност, кумови се бакнежите, со нив се почнува и завршува. Бакнежите на обичните смртници евоцираат алегориски бакнежи на митските парови Психо и Купидон, Дафне и Аполон, Ехо и Нарцис, Елена и Парис, Пенелопа и Одисеј, Афродита и Адонис… Еден бакнеж -песни рој!

Младите почнуваат да се бакнуваат неколку години пред нивните сексуални искуства, устен тренинг како предигра ( а колку подолго трае -толку ќе потрае). Статистиката не e секогаш прецизна ( затоа е статистика, инаку би била научен факт) но 50% од луѓето прв пат се бакнуваат пред 14 години, а во текот на животот поминуваат 300 часови во бакнување. Додека се бакнуваме жлездите лачат течност и спречуваат кариес, бакнеж во уста ги активира сите мускули на лицето, еден страстен бакнеж согорува 1000 калории, а менталната изолација со остатокот од светот е драгоцен анти –стрес момент затоа што се стимулира и хормонот на среќа и блаженство.

Научното име за бакнување е филематологија, а Гинисовата книга на рекорди забележува најдолги и најмасовни бакнежи секаде низ светот . Бакнежот е чудо, некому поважен и од чинот на водење љубов, некому апсолутно неважен за сексуално задоволство, но „душата среќава душа на усните на љубовникот “ – Перси Бис Шели. Бакнежот немо раскажува за љубовта, усните имаат свој Ерос од чиј нектар пијат привилегираните богови. Бакнежот е меница во банката на љубов!

Нашите предци се бакнувале и во праисторијата , иако немаме статистички податоци, а во многу разни земји бакнежите различно се манифестираат, некаде се поумерени, некаде потемпераментни, а некој ужива во агресивно шмукање на устата на партнерот. Во некој култури не е културно да се бакнуваш со уста туку со нос, Индијанците од Еквадор ги мирисаат дланките на пријателите како љубезен поздрав, а некој племиња од Нова Гвинеја под „проштален“ бакнеж подразбираат ставање рака под пазувите на пријателот и „миризбата“ ја растриваат врз себе. Браво за разноликоста, но од сите светски бакнежи најомилениот е францускиот бакнеж – длабок бакнеж со јазик за кој Французите со гордост велат дека со таков бакнеж и студена вода може да се живее.

Статистички, со еден француски бакнеж се активираат околу триесетина мускули (ако го сфаќаме како предигра може и комплетна мускулатура), а пулсот се качува и на 150. Што друго се качува и откачува оставам на вас и на разиграната фантазија, оти без неа нема ни бакнежи.

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.