Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Татјана Алексиќ: Кугуарки… сакаат ли жените помлади мажи?

Колумни

Татјана Алексиќ: Кугуарки… сакаат ли жените помлади мажи?

Помлад, постар или врсник – имаме ли гаранција за складна врска и разлика во годините? Ни гаранција ниту пак правила, а и да ги имаме секогаш има исклучоци од правилата.

Веќе четири децении од култниот филм „Дипломец“ со Дастин Хофман, а госпоѓа Робинсон не се симнува од малите и големите екрани, се повеќе ја има и во реалниот живот! Многумина се убедени дека светски тренд или „мода“ е комбинацијата постари жени со помлади мажи, лансирани од светски познатите sвезди како Деми Мур (упссс, веќе е разведена од помладиот Ештон Кучер), Мадона, Сузан Сарадон, Мараја Кери… Да ве потсетам на веќе подзаборавените Иво Погорелиќ и неговата Русинка, дваесет години постара професорка по клавир.

Но во едно општество, се уште стокмено во машки род, на жените со помлади партнери се гледа со помалку симпатии отколку кога е обратна комбинација. Ако sирнеме низ минатото можеби ќе налетаме на некоја наша баба или тетка која на „измама“ земала помлад маж или „нужно“ се омажила со помлад поради војните мобилизации, кога постарите мажи биле дефицит. Спротивно од тоа, мажи со драстично помлади жени предизвикувале и предизвикуваат восхит, ретко завист или презир од околината. Таквиот сексизам и нееднаков општествен третман го поддржувала и црквата со благослов ако мажот не е постар повеќе од 15 години од својата избраничка, а за жените е „простено“ дури до 3 години разлика, над тоа веќе не е христијански!

Сексуалната привлечност помеѓу постара жена и помлад маж денешните експерти ја сметаат за разбирлива. Жена по четириесеттата веќе не размислува да раѓа, како што еден дупло помлад маж (се уште дете) не размислува да прави деца. Тој е се уште несигурен, таа знае што сака,тој е полн со енергија без накалемени проблеми од брачни обврски, таа знае дека „возот заминува“ и сака да се подмлади. Накусо, тој може , а таа знае ;) Но постојат два типа на млади мажи, оние кои се еротски (сексуално) љубопитни и сакаат да експериментираат и оние кои подлабоко се врзуваат – изборот е на мудрите, искусни постари жени кои знаат да препознаат!

Но многу често нивните желби, страсти, можеби и искрена љубов се косат со ставовите на нивните најблиски, родителите, понекогаш нивните деца од претходните бракови, а и соседите (ако те гледаат попреку може да ти го згорчат животот). Во Америка постарите дами кои се во врска со дупло помлади мажи имаат термин, ги викаат кугуарки! Жените не би биле жени ако не се справат и со таквите погрдни имиња, па во Сан Франциско минатата година се одржа прва Национална конвенција на кугуарки. Извесна средовечна дама Глорија Наваро е одбрана за мис кугуар на Америка, која после дваесет години брак се разведува и од запуштена очајна домаќинка станува секси лејди, изјавувајќи дека зад кугуар жена се крие силна, независна и вистински еманципирана жена. Кога сме веќе кај еманципацијата, можеби таа е виновна за „модата“ помлад маж – веќе на жената не и треба постар чичко да се грижи за неа, туку момче кој ќе и го насмее лицето.

Како и да е, предрасудите се секогаш тука некаде, а љубовта таму некаде – подалеку од нив! Само да не претеруваме во разбивањето на предрасуди во име на искривена сексуалност и патологија, како случајот со хрватската учителка со својот малолетен ученик кого допрва ќе го созрева- бљак :(

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.