Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Татјана Алексиќ: Кажи ако умееш… излажи ако знаеш

Колумни

Татјана Алексиќ: Кажи ако умееш… излажи ако знаеш

Знаеме ли секогаш да употребиме соодветни зборови? Смееме ли секогаш да кажеме што мислиме? Колкава е моќта на зборовите во љубовната комуникација?

Многу често кога сме лути критикуваме и сакаме некого да промениме мислејќи дека решението е да си ги кажеме сопствените потреби и желби. Но зошто некој би ги прифатил нашите префрлања, потреби и желби?

Претерувањето во барањата ја намалува можноста за добивање! Јазикот на љубовта нема многу зборови, него го препознаваат и владеат без грешки само оние кои УМЕАТ да сакаат. Во животот с′е се сведува на страв и желби (потреби), затоа треба да научиме да ги препознаваме сопствените, но и туѓите потреби. Љубовта стравува, но не смее да заплашува. Ако не знаеме да кажеме убав збор, треба да научиме барем да ги премолчиме лошите. Ништо не можеш да добиеш дур не дадеш, а треба да го дадеме не она што го имаме , туку она што на другиот му треба. Препознавањето и задоволувањето на потребите на саканата личност е јазикот на љубовта – тој јазик не зборува туку покажува, умее да покаже.

Mажите многу тешко препознаваат што и треба на жената. Таа бара во саканиот маж „вечно момче“ да биде „како некогаш“ , а таквиот нереален романтичарски занес мажите го доживуваат како гушење и најчесто бегаат како преплашено sверче. Но бидејќи не се работи за бегство во физичка смисла туку бегање од проблемот, не ретко ја користиме старата „добра“ лага како излез во безизлезна ситуација.

Затоа не ретко и лажеме, често и во љубовта што е нејзин парадокс!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.