Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Сексуална интелигенција

Колумни

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Сексуална интелигенција

Автор: Татјана Алексиќ

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Сексуална интелигенција

Една од најтврдокорните предрасуди на кои ни книгите не им можат ништо, е предрасудата околу сексот и сексуалноста.

Дека сексот е ,,свет” во име на создавањето потомство, а ,,грешен “во име на задоволствата, сѐ уште е во потсвеста на жените.

Но една од големите вистини за сексуалното здравје е фактот дека често водење љубов го подобрува квалитетот на животот. Секако, водењето љубов на сигурно (познат партнер, заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост) е превенција за здрав сексуален живот.

Сексот е кардиоваскуларна вежба за симнување на ,,лошиот” холестерол, зголемување на кислородот во мускулното ткиво, зацврстување на коските и мускулите, зголемување естроген кај жените и заштита на срцето. Во книгата ,,Сексуална интелигенција” на д-р Шери Конрад и Мајкл Милберн , дадени се поразителни резултати од истражувањата. Една третина од групата испитаници од 18 до 39 години се изјаснила дека има секс еднаш месечно, а секој трет маж или жена оптимални два пати неделно!

Истражувањата на оваа тема се специфични, а статистиката отежната, патем испитувале Американци, а не Балканци и не мораме да им веруваме, „не е морално бе Пиги“! Но она во што мора да веруваме е фактот дека и покрај сексуалното образование, достапните информации, надминувањето на табу темите… ние сепак немаме ниво на сексуална интелигенција и развиен култ кон водењето љубов.

Сексот не е спорт и не може некој да ужива во брзопотезен секс и „мување“ за една ноќ, отколку во долгорочно градење на долга врска со заемно разбирање и љубов. За жал, долгите врски излегуваат од „мода“ . Дури и бакнежите губат од вредност кога се расфрлаат без здрава инспирација. Еротската возбуда почнува со бакнежот, кога 150 пулсирања согоруваат 12 калории за 7 секунди, а за една минута и 50 калории, доволно да истопи милка со лешници! Францускиот бакнеж активира 29 мускули, поттикнува адреналин и го забрзува пулсот, додека страсно се бакнуваме разменуваме хормони кои делуваат како афродизијак, 9 мг вода, 0,18 органски материи, 0,45 мг сол но и 250 бактерии кои го олеснуваат варењето… Затоа наместо Орбит џвакајте го партнерот ;)

Книгата поентира со размисла дека секој треба да работи врз подобрувањето на своето либидо, квантитетот но и квалитетот на сексуалниот живот. Водете љубов и бакнувајте се страсно за инает на депресивноста и „дрмајте“ се во ритам со земјотресот!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.