Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Врвните доживувања се креативност…

АВТОР: ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ

Колумни

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Врвните доживувања се креативност…

Креативноста е орудие против баналноста, креативните луѓе се модератори на квалитетен живот, креацијата сексот го претопува во водење љубов…

Кога креираме креативност заради креативност, нештата стануваат уметност заради уметност, а животот чиста поезија, па да ви „испоетизирам“ нешто квалитетно од книгата „Секс и како да се надминеме себе си“ од д-р Светлана Здравковиќ, специјалист по медицинска психологија во Белград (слободни толкувања на податоци од книгата).

Квалитетниот секс е извор на среќа, она за што не зборуваме, а ни ја поттикнува креативноста. За жал, малку се оние што се задоволни со својот сексуален живот, исклучително важен за хармонично и квалитетно секојдневие. Предрасудите, стереотипите, стравовите, лоши сексуални искуства и сл. се причина за сексуалната збунетост и фрустрации, чувство на нерешливост и очајно помирување со состојбата која станува апатична инертност. Дури и еманципираните жени игнорантски ги поднесуваат проблемите задоволувајќи се со задоволениот партнер (читај „себесебичност“). Секако, истата проблематика уште пострашно ја доживуваат мажите, за нив импотентноста е ноќна мора и денски хорор, а за „ситните“ проблеми на крупно ја обвинуваат партнерката (читај машки егоизам).

Првиот чекор кон подобрување на либидото е да се сакаш себе си и своето тело, како и партнерот со сите свои и негови „несовршености“ . Диети, теретани и естетски корекции не секогаш се гаранција за сексуалните потенцијали, а не ретко и со нив врвните доживувања се без креативен исход. И сексуално најпривлечните може да не остават без возбуда, ако не ни се поклопат очекувањата (или хемиските соединенија). Причините за задоволување на сексуалните потреби се различни, за некого сексот е намалување напнатост, некому спорт и рекреација, пополнување празнина, стекнување популарност, нарцисоидност , но секако и страст, привлечност и љубов (читај креативност во еден потег, три во едно). Кога постои страст и голема физичка привлечност, постои и оптимален услов за интензивен и жежок секс, но често и бурна емотивна врска, посесивност и љубомора меѓу партнерите, чести караници и помирувања, иди ми –дојди ми врски, но никако не и прекин, затоа што вистинската љубов е трпелива и толерантна.

Кога сме заљубени сексот е феноменален, но по „медениот месец“ чувствата се смируваат. Ако сексот е без љубов, тогаш во врска се спојуваат луѓе кои не сакаат врзувања и обврски (затоа врската им е „врска без обврска“), а кога е обратен случај на љубов без секс, во врска се луѓе кои заемно се разбираат и почитуваат но живеат без телесна хемија, која можеби никогаш и ја немало меѓу нив. Но, ако ја имало и во прашање е само фаза на гасење сексуална заинтересираност , тогаш ќе ви требаат разни марифетлаци за оживување на истата.

Еден од најкреативните е хуморот, внесете смеење во сексот ( да му се потсмевате на партнерот не е баш духовито), креативно осмислување на целиот чин, направете синестезија од сите сетила (особено тактилната игра со допири како импровизирани масажи) аромотерапија со мириси, афродизијачки предигри со вкусни залаци, експерименти без ограничувања, бескрајна фантазија и реторика по потреба ( вулгарностите на перница се ваша интимна креација). Најважно од се е искреноста, посветеноста кон партнерот, изолирање од проблемите, двоење на битното од небитното и секако желбата…Желбите создаваат креации, а врвните доживувања или кулминации, се чисти креации!

Креативно неделно попладне! <3

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.