Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Колумни

Умртвени души

Умртвени души

,,Среќен е писателот кој поминува покрај здодевни и одбивни карактери, а се оддава на возвишени ликови откинати од земјата , сокривајќи го жалното во животот…Сите му плескаат како на Бог! Поинаква е судбината на писателот кој се осмелува да го изнесе на виделина она што не го забележуваат рамнодушните и лицемерните…Современиот суд не признава дека цел амбис пукнал меѓу реалниот лирски занес и кривењето на панаѓурскиот акробат.” – Гогољ

Важноста на уважените критичари и цензори низ историјата, често била пропорционална со власта и интересот наспроти писателите, кои јавно критикувале и ризикувале.

Кога Гогољ го завршил првиот дел од романот ,,Мртви души” верувал дека делото ќе послужи како коректор на аморалното феудално – бирократско владеење во неговата бескрајно сакана Русија. Бил цензуриран од тогашните полтрони и додворувачи на рускиот монархизам на кои им бил поважен личниот интерес, отколку општествената морална рехабилитација.

Плиткоста и неукоста на таквите цензори не можела да ја препознае длабочината на неговите безвременски пораки, и со својата умисленост за компетентност се обидувале да го посрамат, убедувајќи го дека мртви души не постојат оти душата е бесмртна (тесноградо алудирајќи на симболичниот наслов)! Да, бесмртна е душата колку и душата на реалниот талент на Гогољ ,чија поезија е крик на ужас и срам на понижениот човек, кога ќе си го забележи скотското лице во огледало. Затоа, не лутете се на огледалото ако лицето ви е грдо…Веќе го изгубивме правото и за лутење !

Со години наназад медиумска цензура, умртвување на разумот, прифаќање на непријатности до рамнодушност, резултираат до евтино продавање мртви души, човекот станува евтина стока на пазарот. Кому корист од такво мртвило, освен на ,,погребалните компании” ширум светот кои профитираат од умртвување на разумноста, на здравиот разум и дух, на здравото човечко тело.

Новиот милениум со нови промени на микро план, влегува во најситните пори на општеството, перфидно под закрила на нови законски решенија и реформи во име на прогресивни промени, да не можеш да го видиш глобалното уназадување на макро план. Новините не уназадуваат, колку и да звучи парадоксално и стравувам да помислам до каде ќе не дотурка ( истурка) вештачката интелигенција и дали филмот со роботот Џошуа почнавме да го живееме, кога роботите ќе управуваат со животот на луѓето. И поинаква е судбината на луѓето кои се осмелуваат да го изнесат на виделина она што не го забележуваат рамнодушните и лицемерните…

Современиот суд не признава дека цел амбис пукнал меѓу човечноста и човекот, понор кон пропаста на вистинските хумани вредности…

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.