Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уписна политика – УПИШувачка треска

Колумни

Уписна политика – УПИШувачка треска

Уписна политика – УПИШувачка треска

И после се’ Конфучиј – „Све је у животу пишање осим срања, а и пишање је срање кад пишаш уз ветар.“

Се извинувам за српскиот, некако поавтентично ми е со пишањето и срањето. А и за вулгарностите се извинувам, но потребни ми се заради развивање на идејната порака.

Откако ќе се извиниш – полесно е да продолжиш да … ко фока, но никогаш никого да не навредиш лично, тоа е недолично за сите, а особено за воспитувач и просветен работник. Како учителка со повеќедецениски труд, може да си дозволам да развијам свое мислење во врска со уписната политика, поточно треска ( грозница) кога сите се трескаме од веќе искршениот sид на образованието ни.

Потрагата по среќа не завршува со запишувањето во средно или високо образование, туку со радосно учење и студирање. Знаат децата на што мислам кога им велам дека треба со радост да читаат и учат, има разлика од потреба или љубов! Родителот не треба да одбира што е најдобро за неговото дете, туку да го остави самостојно да решава за својата наобразба низ животот. Судбината е во рацете на сопственикот, а потоа може да се редат душегрижниците. Сеедно е дали малиот човек ќе стане голем научник, славен уметник, успешен спортист, добар таксист, вешт кулинар или просечен во сите можни професии… Важно е да го работи тоа што го сака и добро да се осеќа во својата работна одежда.

Прародителскиот грев или комплексот на материјализмот, дека само богатите се среќни и успешни им се обива од глава на сите оние кои нема на време да сфатат дека среќата е состојба на духот , кој не зависи од состојбата на буџетот. Кога ќе ги видите децата да стануваат во седум часот наутро и со радост одат да учат или работат она за кое сами се избориле, вие сте среќен родител ! Не паничите за упис по секоја цена каде сте зацртале дека мора, наметнатиот избор е најлош избор.

Секако, за уписната политика вината е во погрешната стратегија со години , фаворизирање на гимназии пред стручните училишта кои се јадрото на економски стабилно општество.

Нешто ние возрасните повторно им го ,,попишавме” на децата идејното, а идејната порака се размина со темата дека учењето треба да е радост , а не стрес !

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.