Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Љ-витамин, превенција за комплекси!

Колумни

Љ-витамин, превенција за комплекси!

Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

Дебелки или слаби, ниски или високи, недоволно талентирани, интелектуално инфериорни, општествено неприфатени… Па што? Зарем е невозможно со добра смисла за хумор да се надминат комплексите, патем, духовит е оној кој се шегува на своја сметка. А ако не успеете со хумор, тогаш обидете се со љубовта, таа прави чуда со комплексите, ниеден скалпел не е подобар од чувството на саканост. Љ-витамини контра комплексите!!!

Во последно време светските модни трендови диктираат култ кон телата и се играат со телесната тежина на манекените. Никогаш повеќе не сме имале деца со анорексија и булимија само поради незадоволството од сопствениот изглед. Опседнатоста со физичкиот изглед оди во насока на правење фетиш од одредени делови на телото или лицето (напумпани гради, задници, усни, пениси…) и сѐ би било добро ако тука престанат комплексите.

Во „мое време“ ( беше тоа многу одамна на „брдовитиот“ Балкан) ако растеше со клемпави уши никому – ништо, со здравје да си ги носиш, може само „ушле“ да те викаат. Сега родителите за матура им уплаќаат на своите деца хирушки естетски корекции за да растат без комплекси. Кој е во право од двете крајности, родителите од минатото кои не пуштаа да одиме влакнести на час по физичко или сегашниве кои заедно со децата одат на силиконски посластици, прашање е сега? Никој не може да даде одговор, а да бидат сите задоволни, никој не може да суди за другиот за да не му судат и нему, едноставно прави го она што те прави среќен, нооо и да те лекува од комплексите.

Што се комплекси и како да ги препознаеме! Тоа е непосредно губење на самодоверба, чувство на срам поради помалку привлечен изглед, слаби интелектуални способности, недостаток на култура како и ниското социјално потекло. Особено присутно кај адолесцентите на кои треба да им се обрне внимание од родителите , но и од просветните работници. Еден јавно кажан навредлив збор на нивна сметка може да биде комплекс за цел живот.

Љубовта е лек за се, па и за комплексите! Првин треба сами себе да се засакате со сите свои мани, нема совршенство, тоа се трикови. Кога сте вљубени, многу помалку сте преокупирани со себе си, длабоките емоции не ви го дозволуваат тој луксуз. Вљубеноста не прави сигурни, моќни, заводливи…Убавината станува израз на она што сме го собрале во себе од позитивните емоции т.н. зрачење од убавина.Треба само да ја прифатите потребата на другиот за вас и така ќе му се спротиставите на искушението да им се вратите на комплексите.

Ако љубовта сѐ уште не ви тропнала на врата, тука се психијатрите за прва помош при лекување комплекси! Од сите комплекси, го признавам и прифаќам само Б – комплекс ?

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.