Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во име на љубовта се живее, умира, убива… и лаже!

Колумни

Во име на љубовта се живее, умира, убива… и лаже!

Автор на колумната: Татјана Алексиќ

Љубовта е најсилната човечка емоција, посилна и од нагонот за живот.

Во име на љубовта умираат Ромео и Јулија, Отело ја задавува Дездемона, страдаат Антигона, Офелија, Ана Каренина, младиот Вертер, Сирано,Татјана и Онегин, нашата Цвета умира без да стане Турчинка… Во „Пеколот“ на Данте се прочистуваат грешните неверници Тристан и Изолда, Елена и Парис, Франческа и Паоло, Клеопатра, Семирамида… Кралеви абдицираат во име на љубовта, држави се продаваат… Многу книжевни ликови и историски личности живееле, умирале, убивале и лажеле во име на љубовта.

Љубовта е сјај, мирис, трепет, призрак, тишина, разбирање, движење, вечност…Како ни се случува љубовта е вечна енигма, таа е неврохемиски процес што ги здивува емоциите. Но како и зошто ни се случуваат неверствата?

Верувале или не, неверствата се случуваат и во складните бракови каде има љубов , но има и криза на идентитетот, криза на средните години, духовна, финансиска… Без причинска криза! Згора на тоа, ако веруваме во Дарвиновата теорија за потекло на човекот, човекот е промискуитетен и способен да сака повеќе партнери.

Но воспитувањето, моралните норми, брачните завети, религијата го држат до „црвената линија“ . Кога некој шета со празна чаша и среќава друг со полно шише, природно е да се наполни празната чаша и да се наздрави. Флертот е игра која може да потрае, а да не насетиш кога си ја поминал „црвената линија“.

Копнежот за возбуда и задоволство во чекор ги следи грижа на совест изродена од неверството. Ураганот наречен неверство тешко се одржува на долги патеки, обично стивнува или го менува правецот на дување. Вината никогаш не треба да се признае, освен кога е корпус деликти, а тогаш најдобро е да се избега! Звучи себично, лицемерно, неморално, но со сите нив веќе сме се збогувале при самата помисла на неверство.

Затоа не признавајте и да ве тепаат, неверствата се случуваат и не се баш некоја оправдана причина за развод, освен ако ураганот почне да дува во друг правец.

Сепак колку и да се возбудливи и задоволителни неверствата , на оние кои ја преминуваат „црвената линија“ свесноста за последиците им го враќа зашеметениот и развеан ум, празната чаша испиена до последна капка, скршена е!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.