Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

10 чудесни места на планетата Земја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ви препорачуваме

10 чудесни места на планетата Земја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Овие места ќе ве воодушеват не само со убавината, туку затоа што со нивното постоење им пркосат на законите на природата и така остануваат вечно неразјаснети мистерии за научниците.

Во продолжение погледнете ја убавата фотогалерија:

1. Шанеј – Тоа е тимпишка река која врие. Оваа река во Амазонија достигнува температура од 92 степени, а научниците се уште не се сосема сигурни, која е причината за тоа.

boiling-river1

2. Пештерата Мовил во Романија има поинаква атмосфера од Земјината, во која  преовладува сулфурот. До пештерата повеќе од пет милиони години не допирел ниту зрак светлина, а интересно е дека целиот екосистем во неа опстанал. Имено истражувачите во неа пронашле 33 видови, кои не постојат надвор од пештерата.

pestera-movile1

3. Во Северен Јоркшир се наоѓа карпа од чија страна се слева вода, за која се верува дека се претвора во камен. Што било да оставите под оваа вода, за три до пет месеци ќе се претвори во камен.

2b9f652100000578-3208800-image-a-14_14404161757511

4. На местото близу поранешна фабрика за нуклеарно оружје во некогашниот Советски сојуз се наоѓа езерото Карашеј, кое важи за место со највисока радијација во светот. Езерото содржи толку радиоактивни материјали што само  еден час стоење покрај него води во сигурна смрт.

lake-karachay-1

5. Грунер Зи е парк под вода. Бидејќи се наоѓа близу Хошваб, планината во Австралија, кои во зимите се покриени со големи количини снег, овој парк секоја пролет е целосно поплавен.

taucher1

6. Во Пијемонт во Италија необична глетка е дрво на цреша, кое израснало на дрво дудинка. Локалното население мисли дека некоја птица во лет е заслужна за ова необично дрво на дрвото.

1046707_original1

7. Светилникот Маркејбо е место во Венецуела кое го добило името по тоа што молњите истовремено удираат во површината на реката Кататумбо. Ова е необична глетка која почнува во 19 часот секоја вечер и трае десет часа. Научниците и натаму шпекулираат за причината на константната појава на молња, но никој сигурно не може да даде точен одговор.

catatumbo-lightening-vene-009

8. На јапонскиот остров Хокаидо се наоѓа преубаво сино езеро. Сепак, кога ќе го смените аголот на гледање езерото е со зелена боја. Како се менува годишното време, ова езеро ја менува бојата, менувајќи ги и нијансите на сина и зелена боја.

3911823341

9. На врвот на ридот во Пенсилванија постои необичен камен кои кога ќе го удрите  звучи како инструментот чинела. Никој не знае од каде каменост се создал, но се верува дека бил тука и пред Европејците да ја населиле Америка и се смета за природен феномен.

629b8938-b2a6-4f7a-a08d-f54dde99140f1

10. Кавах Љен е вулкан во Индонезија, кој има неонски сина лава. Научниците отркиле дека сината смеса поточно не е вистинска лава туку сулфур, кој кога ќе стигне на површината е многу отровен за вдишување.

bluefire1

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.