Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

10 здравствени придобивки од сокот од цеден портокал

Магазин

10 здравствени придобивки од сокот од цеден портокал

Сокот од цеден портокал е познат како неверојатно уживање кое пружа многу свежина и витамини. Ретко кој не го обожава, а одлично е што е достапен и популарен и во сите кафулиња и ресторани, па не би имале никаков проблем да стигнете до чаша здравје.

Портокалите припаѓаат во групата на најосвежителни овошја со одлична моќ на позитивно влијание врз организмот. Било да изберете да ги јадете во облик на овошје, или можеби ќе изберете да си направите природен сок од портокал, во секој случај ќе ги уживате нивните многубројни придобивки.

Свежиот сок од портокал е фантастичен избор на корисни материи како што се витамини, минерали, флавоноиди и фитонутриенти чија улога во организмот е многу значајна. Содржи висока количина на витамин Ц, кој е есенцијален за заштита на телесните клетки и нивно ослободување од слободните радикали.

Присуството на магнезиум, калиум, железо, хлор, цинк, фолна киселина, натриум, фосфор и пектин, ги прави портокалите, а со тоа и нивниот природен свеж сок, уште повредни.

Она што посебно ги интересира дамите е калориската вредност на сокот од портокал, кој е многу корисен за организмот, но неговите калории се многу блиску до нула.

Во продолжение прочитајте кои 10 придобивки од цеден портокал ги издвоиме како најважни за организмот:

  1. Го одржува крвниот притисок во нормални граници.
  2. Го промовира здравјето на имуниот систем.
  3. Поседува својства за побрзо залечување на рани.
  4. Превенира и заштитува од канцер.
  5. Помага при третирање и превенција од чиреви.
  6. Спречува формирање на камчиња во бубрезите.
  7. Одличен помагач на процесот на слабеење.
  8. Го намалува ризикот од срцев удар.
  9. Помага во подобрување на состојбата при анемија.
  10. Ја прави кожата да изгледа убаво, свежо и младо.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.