Занимливости
17 знаци дека вашиот партнер е совршен татко
Раѓањето на детето менува многу работи во животот, меѓу кои и односот со партнерот. Ако забележите некои од овие знаци кај вашиот сопруг, имате среќа, бидејќи сте избрале прекрасен татко за вашите деца.
1. Тој ги поддржува вашите родителски ставови и одлуки, а децата ги учи на почитување на сопствениот пример.
2. Тој е најголемиот заштитник на детето и не се плаши секогаш да се бори за своето семејство.
3. Тој е свесен за неговите недостатоци и ги користи како начин од неговото дете да напрви уште подобра личност.
4. Знае како да се извини кога не е во право.
5. Учи од сопствените грешки и секогаш се труди да биде подобро.
6. Секогаш е подготвен да се валка играјќи си во калта или соодветно да се облече за чај забавата со својата ќерка.
7. Размислува на долги патеки и секогаш гледа што е најдобро за неговото семејство.
8. Поврзан е со децата толку што апсолутно нема конкуренција.
9. Секогаш е тука да ви помогне за работи кои не сте ни замислувале дека ќе ви требаат.
10. Поставува прашања и го интересира проблемите доброволно, без притисок.
11. Сака кога ќе остане сам со децата или кога со нив се глупира.
12. Во состојба е да излезе од неговата зона на удобноста за да му даде поддршка на детето и неговото ново интересирање.
13. Не прави да се чувствувате виновни, затоа што правите нешто добро за себе, бидејќи разбира дека на тој начин ќе бидете уште подобар родител.
14. Го поттикнува вашето дете/деца да го истражува/ат светот и да излезе/ат од зоната на удобност.
15. Неговиот свет се променил оние секунди кога детето се родило и тој на тоа е благодарен секој ден.
16. Родителството е најважна работа која некогаш ќе ја има.
17. Ве сака и ве почитува секој ден.