Занимливости
Ајфеловата кула повторно отворена за посетителите
Еден од најпрепознатливите белези на Париз, Ајфеловата кула, од денеска повторно е отворена за посетителите по едноделниот штрајк на вработените во обезбедувањето.
Пoголем број синдикати во Франција протестираат против одлуката на претседателот Емануел Макрон да се воведе поголема конкуренција во дејности како што е обезбедувањето и железничкиот превоз.
Француските железници се уште се во сериозен застој поради штрајкот, а протестираа и вработените во Ер Франс како и студентите.