Адел ѕвезда на американското и британското издание на „Вог“
Британската пејачка Адел (33) е првата позната личност која во ист месец ја краси насловната страна на американското и британското издание на „Вог“.
Во големото интервју таа проговорила за сите актуелни теми од нејзиниот живот: телесната трансформација, новата музика, љубовниот живот.
За британски Вог, Адел беше стилизирана од уредникот Едвард Енинфул, а фотографирана од Стивен Мејсел. За американскиот Вог, Адел беше стилизирана од Тоне Гудман, а фотографирана од Аласдаир Меклелан. Покрај тоа, списанијата објавија два одделни профили, плод на две одделни интервјуа. Во жолтиот фустан, Адел позираше за британското издание на списанието, а во зелено – за американскиот „Вог“.
-Кога наполнив 30 години, целиот мој живот се распадна, без никакво предупредување. Јас само се движев низ животот и не бев среќна. Ниту еден од нас не направи ништо лошо. Не се повредивме еден со друг или нешто слично. Само помислував: Сакам мојот син да ме види како навистина сакам и сум сакана. Тоа навистина ми е важно. Го напуштив тој брак и оттогаш сум по потрага по својата среќа – изјавила таа за разводот.
По разводот Адел и поранешниот сопруг Сајмон се соседи – тој живее во куќата преку улица што таа му ја купила и го делат старателството над нејзиниот син Анџело (8).
Сега таа одлучи да открие како одлучила да го промени својот начин на живот.
-Моето тело беше предмет на разговор во текот на целата моја кариера. Тоа не е ништо ново. Разбирам зошто луѓето се во шок. Разбирам зошто некои жени беа повредени. Визуелно јас преставував голем број жени. Но, јас сум сè уште истата личност“ – вели таа.
– Сѐ започна со мојата анксиозност. Кога тренирав, се чувствував подобро. Никогаш не беше затоа што сакав да ослабам, туку да станам посилна во секоја смисла и да најдам начин да се одвојам од мојот телефон. Станав малку и зависна од одењето во теретана. Понекогаш вежбам и два-три пати на ден – рекла Адел.
-Тој е толку забавен и паметен. Момците со кои бев порано го мразеа вниманието кога излегуваа во јавност со мене, беа под стрес. На Рич не му е грижа – проговорила Адел за својата љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.