Актерката заработува милиони, а се сомнева дека нејзините родители починале од смрзнување во куќата
Ѕвездата од серијата „The Walking Dead“, Алиша Вит (46) доживеала семејна трагедија кога нејзините родители биле пронајдени мртви во нивната куќа во Манчестер.
Родителите на Алиша починале, се сомневаат, од смрзнување, а еден од нив бил пронајден како седи на каучот во капут. Таткото на актерката имал рак, додека нејзината мајка боледувала од Паркинсонова болест.
Властите се сомневаат дека старите и болни родители на актерката најверојатно починале од хипотермија, смрзнување, откако нивните тела биле пронајдени во нивната куќа во Манчестер, пишува Daily Mail.
Роберт (87) и Дајан Вит (75) биле пронајдени мртви откако нивната ќерка побарала братучетка да го провери домот на нејзините родители бидејќи не можела да ги контактира на телефон. Полицијата соопшти дека има сознанија дека родителите на актерката имале „проблем со шпоретот“ и дека користеле греалка во нивната трошна куќа.
Инспекторите за „Бостон 25“ изјавија дека сметаат дека причината за нивната смрт е најверојатно хипотермија, опасен пад на телесната температура предизвикан од долгата изложеност на студ.
Беше кажано и дека еден од родителите бил пронајден во капут, но на телата не биле пронајдени траги на траума, а последователниот преглед не открил никакви траги од отровни гасови, пренесува Daily Mail.
-Се обратив кон братучетката која живее во близина на моите родители за да ги проверам. За жал, исходот беше незамислив. Молам за малку приватност во овој момент за да тагувам и за да ги соберам мислите во врска со овој настан и сосема нереална загуба – рекла актерката во соопштението.