Занимливости
Американец скокнал од 7.600 метри висина без падобран
Американецот Лук Ејкинс скокна од авион од висина од 7.600 метри без падобран и стана прв падобранец кој безбедно падна во мрежа раширена на тлото.
Ејкинс кој работел и како каскадер по филмови, се подготвувал за тој потфат 18 месеци.
Во текот на слободниот пад достигнал брзина од 193 км/час, а скокот бил изведен синоќа во долината Сима во Калифорнија. Телевизијата Фокс го пренесуваше 2-минутниот скок во живо.
Откако безбедно падна во мрежата, Ејткинс рече: – Ова е неверојатно, јас речиси лебдам. Не можам ни да кажам се што сакав да кажам. Ова што се случи е извонредно.
Досега извршил 18.000 скокови со падобран, а во 30 наврати морал да употреби резервен падобран.