Занимливости
Антологија на современата македонска поезија објавена на кинески јазик
Антологијата на современата македонска поезија – „Далеку на Запад“ (“Far away to the West”) на кинески јазик официјално излезе од печат.
Антологијата е печатена во Тајван , од издавачката куќа Showwe.tw и опфаќа 14 извонредни поети од Македонија. Преводот е на еминентниот поет и лауреат д-р Kuei-shien Lee од Тајван, а приредувач е авокатката и поетесата Оливера Доцевска од Македонија.
Во антологијата се опфатени еминентни поети, од различни генерации: Панде Манојлов, Билјана Станковска, Пунторие Муча Зиба, Нехас Сопај, Трајче Кацаров, Џабир Дерала, Ирена Павлова Де Одорико, Виолета Танчева – Златева, Оливера Доцевска, Митко Гогов, Драгана Евтимова, Дарко Лешоски, Марина Мијалковска и Brit Lilit (Елена Пренџова).
Антологијата „Далеку на Запад“ (“Far away to the West”) треба да има своја промоција на Формоса, Меѓународен фестивал на поезија во Тамсуи , Тајван , кој се одржува во перидот од 21-27 септември 2017 година, а е организирано од Движење поети на светот и др-Куеи Шиен Лее , како негов Потпретседател.
На фестивалот треба да присуствуваат и се поканети приредувачката на антологијата Оливера Доцевска и поетесата Драгана Евтимова.