Занимливости
Audi А3 го слави 20-годишниот јубилеј со повеќе од 3,5 милиони возила продадени низ цел свет
Нов успех за фабриката од Инголштат, Германија која е „одговорна“ за производството на реномираниот бренд со четири прстени, Audi.
Во септември 1995 година односно пред точно две децении, на пазарот се појави првиот Audi А3, а компанијата досега има произведено повеќе од 3,5 милиони примероци од овој модел. Денес секој петти продаден Audi автомобил е A3, а моделот продолжува да биде револуционерен кога станува збор за алтернативните системи за возење. Несоборлив доказ за значењето на овој автомобил е флексибилното производство на A3 Sportback e-tron, A3 Sportback g-tron и стандардните A3 модели од Инголштат.
– Две децении од создавањето на Audi A3 воедно значат и дваесет години триумф во класата на компактни автомобили. Зад производството на овој модел стои високо стручен производен тим без кој оваа успешна приказна немаше да биде достижна – изјави Хјуберт Валтл, член на одборот за производство на Audi.
Питер Мош, претседателот на работниот совет, смета дека токму производството на овој модел им помогнало да ангажираат и да задржат на работа голем број на вработени.
– Среќни сме што толку важни автомобили се креирааат тука во Инголштат. Зголемениот обемот на работа, а со тоа и бројот на вработени покажува дека сме на вистинскиот пат – изјави господинот Мош.
Кога го имаше своето деби, Audi A3 постави нови стандарди во класата на компактни возила благодарение на спортскиот изглед, врвната изработка и Quattro погонот. Додека флексибилноста при изработката на каросеријата надополнето со технолошките иновации, го гарантираат врвниот квалитет на овој модел. Денес на пазарот има повеќе членови на ова семејство: Audi A3, A3 Sportback, A3 Sportback e‑tron и A3 Sportback g‑tron модели кои само во 2014 година беа произведени во 188.465 примероци. Компактниот автомобил од Инголштат во текот на овие две децении стана глобален играч и ги има освоено патиштата во повеќе од 100 земји.
Сериското призводство на првиот хибриден модел беше огромно достигнување во насока на електричната мобилност. Денес Audi стои и зад Audi A3 Sportback e‑tron, а побарувачката е особено голема во Холандија каде секој втор продаден Audi A3 Sportback автомобил е e-tron.
Брендот со четири прстени исто така го креира и Audi A3 Sportback g‑tron со ниска емисија на издувни гасови, а се работи за првиот Audi автомобил на природен гас. Овој модел е особено актуелен во Италија каде што секој втор автомобил е A3 Sportback на природен гас.