Занимливости
Авио-компанија воведува дрес код на летовите
Мажите нема да можат да влезат во авион во куси панталони, додека жените ќе бидат вратени назад ако на летот се појават во тесна облека или облека со светки.
Саудиската авио-компанија „Саудија ерлајнс“ објави на нејзиниот официјален сајт нови прописи кои се однесуваат на кодексот на облекување на патниците, јави Би-Би-Си.
Од сега, патниците нема да можат да патуваат во облека која може да навреди или предизвика непријатност кај другите патници. Особено препораките се даваат на женските лица, на аеродромот da доаѓаат исклучиво во облека која ги покрива рацете и нозете и да одбегнуваат проѕирни и куси работи. На мажите им се забранува да патуваат во куси панталони.
Во случај на непочитување на овие правила, компанијата рече дека го задржува правото патниците да се оддалечат од летот.