Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

Занимливости

Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи со цел да ги задоволи барањата на своите корисници, во Кампања 15 компанијата Avon ги промовира новиот течен кармин MARK и ротацискиот ноќен крем-третман против брчки Anew Infinite Reversalist.

Станува збор за два производи кои се дизајнирани според потребите и желбите на модерните жени чиј живот е сè подинамичен и бара козметички и декоративни решенија кои делуваат брзо и ефективно.

Најсилните страни на течниот кармин MARK е фактот дека трае со часови без да ги суши усните благодарение на гел-подлогата, целосно ги покрива усните со интензивна боја и притоа се добива максимална прецизност без размачкување. Ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist е моќен третман кој ги измазнува брчките на лицето, ја подмладува кожата и го изедначува тенот.

Течниот кармин Mark е достапен во мат и сјајна формула, а девојките имаат избор од 20 различни нијанси, по 10 од секоја формула. Една од најспецифичните иновации врзани за течниот кармин MARK е апликаторот во форма на дијамант со кој веднаш, дури и на краевите од усните, карминот се нанесува брзо и лесно. Формулата на течниот кармин е богата со пигмент што дава интензивна и долготрајна боја на вашите усни, а самите усни добиваат јасна дефиниција.

– MARK е колекција наменета за девојки и жени кои сакаат да експериментираат со бои и не се плашат да ги покажат своите предности. Со оглед на тоа дека денешниот живот станува побрз, на жените им се потребни решенија и производи кои се долготрајни и овозможуваат лесно нанесување. Токму тоа беше целта при креирањето на течните кармини Mark. Лесни се за аплицирање и траат со часови, а притоа и нема да се избришат при првиот пијалок или оброк – посочуваат од канцеларијата на Avon во Македонија.

Ноќниот крем-третман Anew Infinite Reversalist по една недела користење значително ја потхранува кожата со формулата PHYTOL+ и ја подготвува за активна обнова во текот на втората недела, преку примена на втората формула со Super Retinol. Овој револуционерен концепт една година бил на клинички тестирања и унапредување на формулата за на крај да се добие идеалниот производ кој дава видливи резултати кои постојано напредуваат.

– Производот е составен од 2 ноќни кремови кои се употребуваат наизменично на секои 7 дена и со самото тоа помагаат кожата постојано да реагира на дејството на активните состојки. Докажано е дека овој пристап е многу поефективен отколку употребата само на ретинол. Нивото на колаген се зголемува, а резултатите се засилуваат по секој изминат месец па сè до една година, – велат од канцеларијата на Avon во Македонија.

Течните кармини Mark и ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist веќе се достапни и во Македонија преку претставничката мрежа на AVON и може да се нарачаат од новата Брошура 15 која е достапна за разгледување на www.avoncosmetics.com.mk

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.