Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Австралија забранува искачување на карпата Улуру од 2019 година

Магазин

Австралија забранува искачување на карпата Улуру од 2019 година

Искачувањето на карпата Улуру една од најголемите знаменитости на Австралија ќе биде забрането од октомври 2019 година, одлучија властите.

Одборот на Националниот парк Улуру-Ката Тјута која главно ја сочинуваат Абориџини, сопствениците на земјиштето, едногласно изгласаа забрана за искачување на карпата поради нејзиното религиозно значење.

Еден од сопствениците на земјиштето од народот Ананга, Семи Вилсон рече дека тоа е „многу важно место, а не игралиште или забавен парк како Дизниленд“.

Традиционалните сопственици на земјиштето, припадници на народот Ананга секогаш одбивале искачување на карпата Улуру затоа што тие ја сметаат за свето место. Вилсон рече дека посетата не се забранува на таа област, туку само искачување на карпата.

Црвената карпа во националниот парк Улуру-Ката Тјута, близу Елис Спрингс, е на две илјади километри северозападно од Сиднеј.

Управата  на Националниот парк уште во 2010 година објави дека ќе забрани искачување на карпата доколку се намали бројот на заинтересираните посетители и се одлучат на други активности. Податоците на Парковите на Австралија укажуваат дека на карпата имало само 16 отсто посетители од 2011 година до 2015 година, додека во 1990 година се искачиле 74 отсто. Карпата годишно е посетена од 300.000 луѓе најмногу Австралијанци и Јапонци.

Последен ден за искачување на карпата е 26 октомври 2019 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.