Занимливости
Австриска полиција во Дунав „улови“ 100.000 евра
Виенската полиција во текот на викендов во водите на реката Дунав „улови“ повеќе од 100.000 евра.
Како што соопшти полицијата, засега не е познато како парите стигнале во Дунав, ниту пак кој е нивниот сопственик.
Портпаролот на полицијата Роман Хаслингер изјави дека во последно време нема пријавено никаков грабеж, ниту некое друго злосторство, кое би вклучило таква голема сума пари.
Хаслингер наведе дека, ако сопственикот не биде пронајден, парите ќе му припаднат на човекот кој во саботата ги видел парите во Дунав и потоа скокнал во водата да ги извади.