Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Барби“ стана филм со најголема заработка во премиерниот викенд во 2023 година

Магазин

„Барби“ стана филм со најголема заработка во премиерниот викенд во 2023 година

Новиот филм за Барби во кој Маргот Роби ја глуми иконската кукла доминираше во кината овој викенд, со заработка од 155 милиони долари во американските кина и повеќе од 300 милиони долари ширум светот, станувајќи филм со најголема заработка во 2023 година, објави дистрибутерот Warner Bros.

Филмот на Кристофер Нолан „Oppenheimer“ за создавањето на атомската бомба ги надмина очекувањата и заработи 80,5 милиони долари во американските кина. Битката на двата одлични филма кои беа најавени дека ќе излезат во ист ден на шега беше наречена „Barbenheimer“.

Податоците за заработката се значаен поттик за студијата и театрите кои досега имаа разочарувачко лето. „Барбенхајмер“ треската со два мошне очекувани, но сосема различни филма кои се појавија во кината во исто време, предизвика огромни гужви во кината.

Барби е филм за кукла која дебитирала пред шеесет години, од перспектива на режисерката на Грета Гервиг. Со заработка од 155 милиони долари во првата недела од прикажувањето, ја надмина онаа на „Super Mario Bros“. Барби е и филм со најдоброто отворање досега кој е дело на режисер жена.

Во драмата Опенхајмер, Силијан Марфи го игра американскиот научник Џ. Роберт Опенхајмер кој ја создал атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да ја предводи трката за Оскарите. Филмот заработи дополнителни 93,7 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупната вредност достигна 172,2 милиони долари, според дистрибутерот Universal Pictures.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.