Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бекамови го дочекаа Меси во Мајами, Дејвид се лизна и за малку ќе паднеше (ВИДЕО)

Магазин

Бекамови го дочекаа Меси во Мајами, Дејвид се лизна и за малку ќе паднеше (ВИДЕО)

Долго очекуваното претставување на Лионел Меси како играч на Интер Мајами се одржа во неделата навечер, и беше возбудливо за локалните навивачи иако беше импровизирано од организаторите на настанот по поројниот дожд кој вклучуваше и грмотевици.

Ниту дождот ниту грмотевиците не спречија повеќе од 20.000 навивачи да се соберат на стадионот во Форт Лодердејл на официјалното претставување на Лео Меси (36), кое поради временските неприлики беше одложено еден час.

Еден од соптвениците на клубот од американската лига е и Дејвид Бекам, кој го престави Меси на свечената церемонија, а му се придружија и сопругата Викторија (49) со ќерката Харпер (12) и синот Круз (18).

Освен Викторија, на церемонијата присуствуваше и сопругата на Меси, Антонела (35) со синовите Тиаго, Матео и Чиро.

Иако целото внимание беше насочено кон Меси, шоуто кратко го украде и Дејвид кој случајно се лизна при излегувањето на подиумот и за малку ќе паднеше на подот.

@brfootball

Close call for Becks ? #messi #leomessi #davidbeckham #beckham #intermiami #miami #mls

♬ original sound – B/R Football

За среќа, поранешниот фудбалер не е повреден, а видеото стана вирално, па со него се пошегува и сопругата, пишувајќи „дека пистата не е негова природна средина“.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.