Магазин
Бела Хадид во новата кампања на Хром Хартс
Супермоделот Бела Хадид уште еднаш застана пред објективите заради рекламната кампања за очила за сонце и накитот на брендот Хром Хартс за сезоната пролет-лето 2018.
Заносната црнокоса позираше покрај својот колега Џордан Барет, а зад фотоапаратот стои Лори Лин Старк.
Стилист на снимањето беше Елизабет Солцер, додека пак, за косата и шминката на Хадид беа задолжени Џен Аткин и Нина Парк.