Занимливости
Белата куќа е подготвена за празниците (ВИДЕО)
Божиќ е празник кој многу се почитува насекаде низ светот, без разлика на тоа дали луѓето се големи верници или не.
Како секоја година, така и оваа, Белата куќа е главна тема за разговор кога станува збор за Божиќните декорации.
Но, наместо обичните светилки и новогодишните елки, Меланија Трамп реши да и даде свој „шмек“ на Белата Куќа и за првпат сама го украси домот на претседателското семејство за Божиќните празници.
Претседателското семејство одбра мрачни тонови со кои го украси главниот ходник на Белата Куќа, но и тоа не помина без константните критики од корисниците на социјални мрежи.
Украсувањето е навистина еден посебен момент, па затоа сигурно би сакале да погледнете како е декорирана оваа година.
Гришам подоцна објасни дека невообичаениот мрачен изглед се должи на тоа што целиот ходник не е осветлен, па дури потоа беше објавено и видео за да се појасни дека оние кои ја украсиле Белата Куќа си ја завршиле работата како што треба.