Магазин
Би-Би-Си ја прогласи Атина за еден од најгостопримливите градови во Европа
Би-Би-Си ја прогласи Атина за еден од најгостопримливите градови во Европа. Причината е комбинацијата на топлата, сончева клима, како и кафулињата и ноќниот живот воопшто.
– Атина е многу вревлив град. Кафулињата и баровите се полни со луѓе кои одлично се забавуваат. Кога се движите меѓу туристите низ Плака секогаш мислите дека сте на летен одмар, вели Кристи Маника, од блогот „Travel Passionate“, за британската телевизија.
– Да се возите низ град во кој од секој агол се гледа Акрополот е волшебно искуство. Секој свиок потсетува на минатото на овој град, додава туристичкиот водич Мина Агнос.