Занимливости
БИ-БИ-СИ: Холивуд веќе подготвува филм за спасувањето на тајландските момчиња
Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, на местото каде е во тек акцијата за спасување на момчињата кои се блокирани во пештерата, јави Би-би-си.
Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата Пјур-Фликс веќе разговарале за можен филмски проект. Прашан дали нивниот потег е невкусен, со оглед на драмата која се уште трае, Смит изјави дека „ќе дојдат и други продукциски куќи, па мора да бидеме брзи”.
Спасувачите се подготвуваат за третата фаза од спасувањето.