Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Бимилк“ го намали количеството сол во сирењата

Магазин

„Бимилк“ го намали количеството сол во сирењата

Компанијата „Бимилк“  соопшти дека го намалила  за 20 проценти количеството на сол кај белите сирења со што сега процентот на сол изнесува до 2,5 проценти.

Од компанијата истакнуваат дека со промените направени во технологијата на производство, отсега сирењата ќе имаат помала количина на сол, а се богати и со хранливи материи, протеини, калциум и содржат многу витамини.

Со намалувањето на количеството сол во сирењата, како што посочува „Бимилк“, овие производи позитивно ќе влијаат и на крвниот притисок кај консументите.

– Повеќето производители на прехранбени производи во трката за подобар вкус не обрнуваат внимание на соленоста на продуктите и најчесто продуктите кои ги консумираме се пресолени. Бимилк е првата компанија во Р.Македонија и регионот која започна да работи на подобрување на процесот на производство на своите сирења во насока на добивање на поздрави и повкусни продукти, се вели во соопштението.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.