Магазин
БОБАН ТОДОРОВСКИ: Неколку совети за совршен матурски изглед (ФОТО)
На самиот старт на матурската сезона, мејк-ап артистот Бобан Тодоровски ве советува за совршена шминка и фризура за вашата матурска прослава!
Владеењето на шминка без шминка е официјално завршена. Сега дојде сезона за нагласени усни, нагласени очи, светки и лажни трепки.
1. Нагласените усни можат добро да се вклопат во комбинација со бронзени тонови , без разлика дали карминот ке биде вамп боја или бордо(темно црвена) боја.
2. Пастелниот избор на шминка е одличен избор за оние девојки кои сакаат да изгледаат чисто и сензуално. Тука би советувале праска боја сенка за очи како и комбинација од повеќе розеви тонови сето тоа искомбинирано со нежни усни и нагласени трепки.
3. Доколку сте храбра девојка , не двоумете се да искомбинирате (глитер) светки за очи со земјени или кафено-виолетови тонови на вашите очи. Акцентираните усни се ИН оваа сезона така што нема да погрешите ако во оваа комбинацијата додадете и кафена боја на кармин и секако брозер на вашето лице.
Кога се работи за коса , слободно можете да експериментирате. Дали би правеле бушави фризури или сосема смирени форми изборот е ваш.
1. Плетенките се повторно тренд така што доколку се љубител на плетенки , нема да погрешите.
2. Брановидната фризура (таласи) никогаш не умира , може да се вклопи во комбинација со добра шминка.
3. Доколку вашиот избор е собрана фризура , изберете интересен реп или тоа нека биде лабаво подприкачена(бушава) фризура.
4. Влажниот изглед на коса (wet look) е добра идеја за оние храбрите девојки.