Магазин
Бремената Ријана на насловната на магазинот „Вог“
Популарната музичка ѕвезда Ријана позираше за насловната страница на американскиот „Вог“. Во преден план е нејзиниот труднички стомак, а на фотографиите речиси и да нема облека.
Ријана е новата ѕвезда на американското издание на магазинот „Вог“. На насловната страница, која фановите веднаш ја нарекоа иконична, пејачката е прикажана во црвена, речиси проѕирна комбинација со потпетици во иста боја.
На фотографиите внатре во магазинот Ријана позира во различни изданија. На секоја фотографија во преден план е нејзиниот труднички стомак.
Во интервјуто за мајското издание на култниот магазин , Ријана зборува за модниот свет, за романсата со нејзиниот партнер, раперот Асап Роки, за тоа какво е нејзиното лично искуство во бременоста.
-Моето тело моментално прави неверојатни работи и нема да се срамам од тоа. Овој пат треба да биде прослава. Затоа што зошто би ја криела бременоста? – праша Ријана во интервјуто, одговарајќи на коментарите на омраза од социјалните мрежи, кои навистина беа доволни.
Таа зборуваше и за Асап Роки, раперот со кој чека бебе.
-Го немаме тоа – мојата кариера, твојата кариера. Само ние двајца живееме заедно. Чувствувам дека можам да направам се во животот со него покрај мене – изјави пејачката.