Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Британец објави дека е во четвртиот месец од бременоста

Занимливости

Британец објави дека е во четвртиот месец од бременоста

Хајден Крос (20), од англискиот град Глостер, е првиот маж во Велика Британија кој јавно на Фејсбук објави дека е бремен.

Крос инаку е роден како девојче, но веќе три години е законски признат и живее како – маж. Веќе прима терапија за промена на полот, но одлучил – пред завршните операции да роди.

Така, идниот „татко“, кој на социјалните мрежи нашол донатор на сперма, сега е во четвртиот месец од бременоста.

По породувањето, ќе следат операции за отстранување на „неговите“ гради и јајници.

– Се израдував, но во истовреме знаев дека ова ќе ја забави промената на полот. Да се носи дете во утробата е женска работа и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега, за да можам да го променам полот пред да остарам, изјави Хајден за таблоидот „Сан“.

Натаму, тој вели дека кога детето ќе потпорасне ќе му каже за промената на полот, оти, како што вели, „трансексуалноста е вообичаена појава во денешнината“.

Во 2008, Американецот Томас Бити беше првиот маж во светот кој објави дека е бремен.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.