Занимливости
Британската принцеза го доби името Шарлот Елизабет Дајана
Ќерката на британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт ќе се вика Шарлот Елизабет Дајана.
Името денеска го соопштија од Кенсингтонската палата, два дена по раѓањето на принцезата.
Инаку денеска, со почена топовска стрелба е прославено раѓањето на принцезата од Кембриџ.
Принцот Вилијам и Кејт веќе имаат син, принцот Џорџ.