Занимливости
Британскиот и американскиот пасош се најмоќни во светот
Пасошите на Велика Британија и САД се најмоќните пасоши во светот, со оглед на фактот дека нивните сопственици без виза можат да посетат 147 земји низ светот.
„Passport Index“, во соработка со „Statista“, и оваа година состави листа на најмоќни пасоши во светот врз основа на тоа колку земји нивните сопственици можат да посетат без визи.
Првото место го поделија пасошите на Велика Британија и САД со 147 земји кои им гарантирата таков безвизен пристап, а на второто место се најдоа Германија, Јужна Кореја и Франција (145 земји).
Најмалку се исплатува да поседувате пасоши од Бурма, Јужен Судан и Соломонските Острови, со оглед на тоа дека на своите сопственици им овозможуваат пристап без визи во 28 земји.
Следи листата со 10 најмоќни пасоши во светот:
1. Велика Британија, САД 147
2. Германија, Франција, Јужна Кореја 145
3. Италија, Шведска 144
4. Данска, Финска, Холандија, Луксембург, Јапонија, Сингапур 143
5. Швајцарија, Канада 142
6. Унгарија, Шпанија, Португалија, Ирска, Белгија, Норвешка 141
7. Грција, Австрија, Малезија 140
8. Нов Зеланд 139
9. Чешка, Кипар, Австралија 138
10. Полска, Словачка 137 ….